среда, февруари 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Македонската телеметриска сеизмолошка мрежа официјално: Регистриран е земјотрес со епиценар на Косово...

Македонската телеметриска сеизмолошка мрежа официјално: Регистриран е земјотрес со епиценар на Косово и јачина од 4,5 степени – почувствуван е со различна јачина во Скопје, Тетово, Гостивар

223
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово, на околу 45 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.6
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, во Скопје и околината со интензитет од IV-V степени, во останатите делови од Републиката со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

ИЗДВОЕНИ