Веселба само за потесниот круг пријатели и роднини! Даниела, неодамна, речиси тајно се омажи, повторно во Белград. Овој пат за поранешен фудбалер со српско потекло, кој е роден во Швајцарија. Тоа е Јеврем Косниќ. На свадбата, таа го привлече вниманието со белите обувки по замисла на дизајнерката од Полска што работи и за изгледот на Лејди Гага

 Познатата македонска, секако, и балканска манекенка и фотомодел, Даниела Димитровска, по бурниот развод од контроверзниот српски ТВ-водител, Огњен Амиџиќ, деновиве речиси тајно се омажи. Повторно во Белград, но овој пат за поранешен фудбалер со српско потекло, кој е роден во Швајцарија. Тоа е Јеврем Косниќ. На скромната свадба, која беше организира само за потесниот круг пријатели и роднини, без присуство на новинарите, згодната Даниела беше облечена во скапоцен фустан на „Версаче“. Особено внимание им имаше посветено на деталите, дури и на белата марама што ја имаше на глава, во текот црковната венчална церемонија. Целиот моден изглед беше комплетиран со бели обувки по замисла на дизајнерката од Полска што работи и за изгледот на Лејди Гага. Многу пари чини сето тоа, но за Даниела и нејзиниот сопруг, Јеврем, ништо не е скапо. Само искрената љубов е најскапа работа, велат тие.– Не се мери со пари, туку со чукањето на срцето за саканата личност – се согласуваат тие.

Сепак, фустанот за кој се раскажува во модните и естрадните кругови не предизвика толку големо внимание колку што се зборува за нејзината долна облека. Даниела позира во софистицирана долна облека во бањата. Носи црвена наметка, која повеќе открива отколку што покрива. Го истакнува своето убаво тело, на кое му посветува големо внимание. Во прв план е нејзиното бујно деколте, како и нејзините извајани стомачни мускули.

Таа уште отсега размислува за модните комбинации во кои ќе се појави за скорешниот Ден на виното и на вљубените. Како што велат нашите информации, доколку не се смени нешто, Даниела ќе биде во нежнорозова долна облека со цвеќиња, како и во пастелножолт беби-дол надополнет со предизвикувачка тантела.   (Д. М.)

 

 

ИЗДВОЕНИ