Со роденденската торта блескаше од среќа! „Среќен роденден, љубов моја! Со тебе животот има вкус, смисла и мир. Не сакам совршенство, те сакам тебе, таква каква што си. Ти си мојот дом, мојот хаос и мојот мир“, вака срцепарателно и емотивно, на Марија роденденски ѝ порача нејзиниот атрактивен сопруг Синиша Стојановски.
Скандалозната балканска пејачка Јелена Карлеуша, во времето на најжестоко натпреварување во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, отворено ја нарече „македонската Кардашијан“, а таа е згодната македонска пејачка Марија Груевска. Одлично ја испеа песната „Управо остављена“ од репертоарот на Јелена Карлеуша. И тоа во една нова џез-верзија! Груевска на сцената беше во таканаречена златна креација, која е дело на тетовскиот дизајнер Златко Јовановски, а кој инаку креира и за Карлеуша. – Никогаш во животот не сум видела дека некој на сцената може да изгледа како принцеза, како што изгледа убавата Марија, велеше тогаш Карлеуша.
Додуша, и самата Марија правеше скандали во шоуто, но од оној поинаков тип. Помали поприфатливи. Не да се расправа со некој, туку со своите шокантни визуелни појави. Еднаш настапи дури и со змија питон завиткана околу нејзиното секси тело. Сите ги остави без зборови, а Јелена Карлеуша максимално воодушевена уште еднаш го потврди својот коментар за Марија, дека и Кардашијан би можела нешто умно да научи од атрактивната Македонка.Деновиве, Марија имаше причина за голема радост. Блескаше од среќа, а поводот е нејзиниот роденден. „Среќен роденден, љубов моја! Со тебе животот има вкус, смисла и мир. Не сакам совршенство, те сакам тебе, таква каква што си. Ти си мојот дом, мојот хаос и мојот мир во едно. Те сакам повеќе отколку што зборовите дозволуваат“, вака срцепарателно и емотивно на Марија роденденски ѝ порача нејзиниот сопруг Синиша Стојановски.
За оваа романтична порака многумина велат дека ретко кој маж може вака јавно да ги покаже емоциите кон својата партнерка, а Синиша ги покажа, ги сподели. Маж на место, каков што многу девојки би посакале покрај себе. Не само поради тоа, туку и затоа што е физички згоден. Марија славеше до раните утрински часови, па, сепак, не открива колку години наполнила. Вели дека годините не се важни, најважни се чувството и среќата дека си со оној што најмногу го сакаш на овој свет. За неа тоа е Синиша.Па, доколку сеќавањата сè уште ве држат, сигурно ја памтите и гламурозната свадба која не така одамна ја направија Марија и Синиша. – Свадбата беше под отворено небо, во природата. Немавме никакви ограничувања, сè славеше до раните утрински часови. Започнавме во петок, малку одморивме, па продолживме сè до недела. Маратонски, вели расположената ѕвезда на Гранд, Марија. На свадбата имаше и од „птица млеко“. Тортата на седум ката секого остави без здив. Бидермаерот, како и самата венчаница во која Марија блескаше, беа украсени со детали направени од бисери, школки и морски ѕвезди.
(Д. М.) фото:ФБ