недела, февруари 22, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Македонската градежна оператива со помалку работа во странство

Македонската градежна оператива со помалку работа во странство

40

Македонската градежна оператива во првите шест месеци од годинава извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 33,71 милион денари, што е за 68,2 отсто помалку во споредба со тој период од минатата година.

Вкупната вредност, пак, на договорените градежни работи во странство, во првите шест месеци од 2025 година, изнесува 61,78 милиони денари и е за 70,7 отсто помалку во споредба со тој период лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најмногу договорени и извршени градежни работи има во Германија, по што следуваат Црна Гора, Бугарија, Србија, Чешка, БиХ, Албанија и Данска.

ИЗДВОЕНИ