Преку океанот, далеку од родната грутка, “Марионка” ужива во животот и празниците! Сега, во овој дел од година, за Божиќ и за Нова година, внатрешниот дел од неговата куќата е како од бајките. Има две големи богато накитени елки. Едната е во дневната соба, а другата во ходникот, со помирни бои. Покрај елките, Васил и Џејсон се во исти зелени новогодишни пижами. Со нив се и нивните, како што вели пејачот, многу сакани „дечиња“: две големи расни кучиња и една расна мачка. Се забележува “од авион“ дека „пука“ среќа од сите страни

Добропознатиот македонски поп-пејач, Васил Гарванлиев, кој веќе неколку години живее среќно во Чикаго, со сопругот Џејсон, со кого и официјално е во геј-брак, помпезно го прослави Божиќ на 25 декември, по новиот грегоријански календар.– Во христијанството и денес постојат разлики околу тоа кога треба да се слави Божиќ, пред сè поради различните календари што ги користат црквите. Така, римокатолиците и дел од православните христијани што го прифатиле грегоријанскиот календар како што се, на пример, Грците, го слават Божиќ на 25 декември. Така е и во мојот нов дом во Чикаго. Славиме на 25 декември – вели секогаш радосниот Васил, кого многу тешко може да го затечете намуртен.

Искрено признава дека е среќен во бракот со Џејсон, американски невропсихолог, за кого истакнува дека е љубовта на неговиот живот!.

– Не сте свесни колку сме му благодарни на секој еден од вас што е дел од нашите животи. Ви посакуваме прекрасна празнична сезона! – порача Васил преку неколку интересни фотографии од раскошната куќа во Чикаго.

Во неа има седум луксузни спални соби. Две соби се користат како вежбалница и како канцеларија. Куќата поседува и преубава сауна, има и мини-кино со омилените филмови на Васил и на Џејсон. Таму има и две современо опремени кујни, во кои Васил често ги подготвува најсаканите јадења, меѓу кои и македонските специјалитети од неговиот струмички крај, по желба на Џејсон. Има и голем базен во прекрасниот двор на куќата (во кој тој и Џејсон ги кажаа брачните завети), каде што се разладуваат во топлите летни месеци.Но сега, во овој дел од годината, за Божиќ и за Нова година, внатрешниот дел на куќата е украсен толку раскошно, како да е од бајките. Доминираат две големи богато накитени елки. Едната е во дневната соба, со црвени панделки, а другата е во помирни бои, со неколку црни лампиони. Покрај елките, Васил и Џејсон се во исти зелени новогодишни пижами. Со нив се и нивните, како што вели пејачот, многу сакани „дечиња“: две големи расни кучиња и една расна мачка. Се забележува “од авион“ дека „пука“ среќа од сите страни, за што потврдува самиот Васил.

– Немам зборови колку се вредни овие фотографии. Искрено ви посакуваме да имате незаборавна празнична новогодишна веселба и потоа сите мои Македонци од православна вероисповед да му се радуваат и на оној Божиќ што ќе го слават на 7 јануари, по стариот христијански календар – порачува Васил.

За него сите оние што приватно го познаваат велат дека е лав во другарувањето со луѓето, па затоа е омилен во секое друштво во кое умее да шири позитивни вибрации и со пеењето и со муабетот.

Инаку, Васил првпат се појави на македонската музичка сцена со неполни седум години, кога стана мошне популарен со детската песна „Марионка“. Песната се слуша и ден-денес. Таа песна стана евергрин, па децата радосно ја пеат во градинка и во училиште. Кога наполни Васил 10 години, неговото семејство се пресели во САД, во убавото Чикаго. Но, пред да почне да се занимава со оперска музика, пееше и поп-соло песни. Двапати беше македонски претставник на Песна на Евровизија, а публиката во Македонија ја освои и со други фестивалски настапи, од кои највпечатлив му е оној пред три години, на „Охрид-фест“.

Дуле Миќиќ/фото:Инстаграм-ФБ

 

ИЗДВОЕНИ