петок, февруари 6, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Македонската економија на 4. место во Европа по пораст на БДП, пред...

Македонската економија на 4. место во Европа по пораст на БДП, пред нас се само Ирска, Данска и Полска

76

Во првиот квартал на 2025 година, реалниот раст на БДП, откако е избрана оваа влада, изнесува повеќе од 3 отсто, додека, пак, прилагодениот раст изнесува 3,2 отсто. Тоа е многу значајно и ова не е случајност, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Според Евростат, Македонија се најде на високото четврто место и тоа зад Ирска, Данска и Полска.

-Со тоа практично на досега објавените параметри што ги објавил Евростат македонската економија е рангирана на 4. место веднаш зад Ирска, Данска и Полска – рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека ова е резултат на храброст, визија и многу работа.

-Тоа не е случајно и ова не е случајност, ова е резултат на храброст, визија и многу работа. Ова е доказ кога државата се води на исправен начин, но и со знаење, со план и трпение, резултатите мора да дојдат – додаде Мицкоски.

 

 

ИЗДВОЕНИ