Македонската амбасада во Швајцарија отвори итен телефонски број за македонските државјани по трагичниот пожар што се случи во Кран-Монтана.
Од Амбасадата информираат дека внимателно ја следат состојбата и се во целосна подготвеност да им пружат неопходна помош на граѓаните на Република Северна Македонија кои би можеле да бидат засегнати од несреќата.
„Во случај на потреба од асистенција, македонските државјани може да се обратат на итниот телефонски број на Амбасадата: +41 79 923 79 57“, соопштија од Амбасадата преку официјалната Фејсбук-страница.
Меѓу загинатите има лица од повеќе националности, а надлежните институции наведуваат дека процесот на идентификација ќе биде сложен и може да трае со недели.












