сабота, јануари 31, 2026
Дома СКОПСКА „Македонска свадба“ со млади лица со Даунов синдром

„Македонска свадба“ со млади лица со Даунов синдром

84

Во Домот на култура „Билјана Беличанец“ се одржа настанот „Македонска свадба“, во организација на Здружението „Трисомија 21“, а со поддршка на Општина Кисела Вода.

Преку игра, песна и автентични македонски обичаи, во соработка со фолклорниот ансамбл,,Седенка” млади лица со Даунов синдром ја прикажаа убавината на македонската традиција и испратија силна порака за прифаќање, видливост и еднакви можности.

Настанот уште еднаш ја нагласи важноста на инклузијата како долгорочна општествена определба, која се реализира преку конкретни политики, институционална поддршка и препознавање на потенцијалот на секој поединец.

-Поддршката на лицата со Даунов синдром и воопшто на лицата со попреченост не смее да биде само декларативна. Како Општина, ние имаме јасна и континуирана заложба да создаваме услови за нивна реална вклученост во заедницата, во културниот, социјалниот, но и во работниот живот. Општина Кисела Вода е првата општина која вработи лице со Даунов синдром. Стефан е дел од нашиот тим, рамноправно учествува во секојдневните обврски и е пример дека кога институциите ќе покажат доверба и ќе дадат можност, резултатите се видливи и позитивни – изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Таа додаде дека ваквите настани, како проектот „Македонска свадба“, се важни затоа што ја зголемуваат видливоста, ја рушат стигмата и потсетуваат дека овие млади луѓе имаат талент, желба и потенцијал.

ИЗДВОЕНИ