Македонската кошаркарска репрезентативка, Девана Бонер, се пласираше со својот Финикс Меркјури во финалето на ВНБА-лигата, откако славеше над Минесота линкс со 86:81.

Искусната кошаркарка, која игра како крилен центар, ја одигра својата 15. сезона во плејофот, што е апсолутен рекорд, и со тоа влезе во историјата на лигата.

Македонската репрезентативка се врати по повредата, играше на највисоко ниво во четвртата четвртина и со 13 поени и 6 скока го водеше својот тим до финалето. Сепак, клучни кошаркарки во победата беа Томас со 23 поени, 10 асистенции и 8 скока и Сабали со 21 поен, 6 скока и 3 асистенции. За Минесота, Мекбрајд имаше 31 поен, а Вилијамс 20 коша.

Во финалето, Финикс Меркјури ќе игра или против Лас Вегас ејс предводен од МВП на лигата – А’Џо Вилсон или против Индијана фајверс.

  • Мислам дека најважни луѓе на ова патување, за мене, се луѓето што беа со мене. Сите тие настапи во плејофот се таму, но, човеку, тешко е да се стигне до финалето! Само им кажував на моите колешки колку долго сум во лигата и дека бев 15 пати во плејофот, а само три пати во финалето. Навистина е тешко да се вратиш во финалето и чест ми е што повторно сум тука со овие девојки – рече македонската репрезентативка.

Девана Бонер игра на бековската позиција и оваа сезона се врати во Феникс, тим за кој играше од 2009 до 2019 година. Потоа беше членка на Конектикат сан, кратко на Индијана, па се врати во Феникс. Со Меркјури има две титули во ВНБА, беше шесткратна ол-стар кошаркарка и три пати беше најдобар шести играч во лигата.

Иако играше за помладите категории на САД, доби македонски пасош во 2018 година, а во 2021 година дебитираше против Босна и Херцеговина со 11 поени и 9 скока.

ИЗДВОЕНИ