Во киното „Синеплекс“ во Скопје, на 5 февруари, комедијата „Свадба“ во режија на Игор Шереги ќе ја има својата македонска премиера. Филмот ја следи приказната за две семејства, едното хрватско, другото српско, чиј однос постојано „танцува“ помеѓу топла семејна приказна и меѓународен инцидент. Во него игра мешано хрватско-српска екипа. Во главната улога настапува познатиот српски актер Драган Бјелогрлиќ, кој го толкува ликот на Вук Димитријевиќ, како и реномираниот хрватскиот глумец Рене Биторајац, кој, пак, го игра ликот на Миљенко Лончариќ. Во другите улоги настапуваат: Весна Тривалиќ, Марко Грабеж, Линда Бегоња, Анѓелка Стевиќ-Жугиќ, Роко Сикавица, Ника Грбеља, како и Јелисавета Сека Саблиќ
Хрватско-српската копродукција „Свадба“ во режија на Игор Шереги, која деновиве бележи исклучителен интерес кај хрватската и кај српската публика, на 5 февруари, во киното „Синеплекс“ во Скопје, ќе ја има својата македонска премиера.

Филмот ја следи приказната за две семејства, едното хрватско другото српско, чиј однос постојано „танцува“ помеѓу топла семејна приказна и меѓународен инцидент. Во него, познат хрватски бизнисмен дознава на својот роденден дека е пред банкрот. Во канцеларијата му влегува семејството со торта и со тамбураши, додека во исто време му се јавува ќерката што студира во Лондон и му соопштува дека е бремена. А татко на детето е синот на српскиот министер за надворешни работи! Во стилот на полнокрвна балканска комедија, филмот ги испреплетува хуморот, топлината и неизвесноста.
Во него игра мешано хрватско-српска екипа. Во главната улога настапува познатиот српски актер Драган Бјелогрлиќ, кој го толкува ликот на Вук Димитријевиќ, како и реномираниот хрватскиот глумец Рене Биторајац, кој, пак, го игра ликот на Миљенко Лончариќ. Во другите улоги настапуваат: Весна Тривалиќ, Марко Грабеж, Линда Бегоња, Анѓелка Стевиќ-Жугиќ, Роко Сикавица, Ника Грбеља, како и Јелисавета Сека Саблиќ.

Деновиве, во Белград, комедијата ја имаше својата српска премиера, на која, во „Сава центар“, се собраа бројни гости од јавниот живот на Србија.
На настанот присуствуваа режисерот на филмот, Игор Шереги, кој пристигна со сопругата, актерот Драган Бјелогрлиќ, потоа актерот Рене Биторајац и актерката Линда Бегоња, додека Анѓелка Стевиќ-Жугиќ се појави во придружба на својот сопруг, Марко Жугиќ. Како што пренесоа српските медиуми, и други познати личности дошле да им дадат поддршка на своите колеги.
Филмот веќе бележи успех, со рекордно отворање уште во првиот викенд од прикажувањето, неколку дена по успешната претпродажба и големата загрепска премиера.












