По повод Денот на рударите ! Македонска Каменица и оваа лето повторно позитивно разбранува како град на музика, забава и заедништвото. „Да прославиме заедно – со рударите, за рударите, и за сите што го сакаат животот во ритам“ е пораката од организаторот. Денот на рударите – 28-ми август, ќе биде свечено одбележан со тридневна културно-музичка програма што ќе ја претвори градската сцена во центар на традицијата, современите милозвучни ноти, а сето тоа споено со силни емоции.
Организатори на прославата се Општина Македонска Каменица и Културно-информативниот центар „Романса“. Настаните се под покровителство на Рудникот „Саса“, кој со години ја поддржува оваа значајна прослава на рударскиот труд, заедништво и гордост.
На Првата вечер на 26-ти август ќе уживаме во Фолклорна магија. Тоа е вечер посветена на ритмите и играорците. Ќе настапат: Културно-уметничко друштво од Република Бугарија, Културно-уметничко друштво од Република Србија, Ф.А. „Китка“ од Истибање, КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица. Шаренилото на костимите, песните и ората ќе ја претвори сцената во мозаик на културно богатство и пријателство меѓу народите.
Втората вечер на 27-ми августќе биде во знакот на новиот македонски, но и со екс-Ју рок песните. Публиката ги забавуваат добро познатите Спасен Силјаноски – глас кој носи патриотски рефрен, но и новоздадени хитови. Потоа и REPLAY BAND – Unplugged со хитови во ново светло.
За крај на забавата, таа ноќ ќе биде во знакот на легендарните “Дивље јагоде“. Тие ќе ги пеат сите свои рок евергрини со кои ги освојуваат балканските сцени.
Големото финале – Денот на рударите, четврток, 28-ми август, во 20 часот вечерта ќе ја отворат најмладите – хорот „Поточиња“ и нивниот Поки. Забавата потоа продолжува со: DJ Пајак – со музичкиот сет што ќе ја подигне енергијата. Потоа и Митан проект, а тука е и омилената поп пејачка Андријана Јаневска. По Јаневска е настапот на рокерката Дани Димитровска, чиј моќен вокал ќе биде вистински рај за ушите и вистинска посластица на прославата.