Македонската ракометна репрезентација со пораз го почна Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Светскиот и олимписки првак, Данска, славеше во преполната „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг со 36:24 (17:12).
Сепак, нашиот национален тим имаше и позитивни моменти, особено во првото полувреме, но немаше сили за подвиг.

Најефикасни во данскиот состав беа Питлик со девет и Гидсел со осум гола, а кај Македонија се истакнаа Серафимов со шест и Кузмановски и Митев со по четири погодоци. Нашиот втор натпревар е в недела против Португалија од 18:00 часот.
Фото:П.Стојановски
















