Македонската кошаркарска репрезентација ја забележа и четвртата победа во претквалификациите за пласман на Евробаскетот во 2029 година, откако на гости славеше против Азербејџан со 70:78, во рамки на 4. коло во Групата – A.

Домаќинот одлично го започна натпреварот и го диктираше резултатот во првото полувреме, а во вториот период дојде и до +18 (43:25) во еден момент. Но, потоа нашите кошаркари заиграа далеку подобро и во третиот период дојдоа и до прво водство (56:58), кое не го испуштија до крајот на мечот.

Најефикасен во македонската репрезентација беше Андреј Јакимовски со 22 поени, на кои додаде и 10 скокови.

Следните два натпревари, воедно и последни од овие претквалификации, ќе се играат во јули месец. Прво Македонија ќе игра на домашен терен против Ирска, а на крај ќе гостува кај Луксембург.

ИЗДВОЕНИ