Македонија со 18-мина каратисти ќе ја отвори есенската сезона на Карате 1, Серија А, во Салцбург, Австрија. Во категоријата до 55 килограми за жени ќе настапат Рудина Алиу, Јована Георгиева, Ива Пецевска и Симона Заборска. Во нешто потешката категорија (до 59 килограми) ќе настапи Михаела Мишовска, додека во категоријата до 61 килограм ќе настапат Магдалена Божиновска, Викторија Јовановска, Вероника Костовска и Јована Мицовска. Во категоријата до 68 килограми, македонските бои ќе ги бранат Ера Коџа и Ердона Зибери.
Во машка конкуренција, до 60 килограми, ќе настапат Недим Шаќири и Фаик Весели, до 75 килограми – Петар Заборски, Мурсел Месини и Реџеп Рушити, додека во категоријата над 84 килограми – Данило Божовиќ и Стефан Стојановиќ.
На Карате 1, Серија А, ќе настапат 1.217 каратисти со 1.177 натпреварувачки влеза од 82 држави.