Ракометната репрезентација на Македонија водеше голема битка со Португалија и на крајот успеа да дојде до бод (29:29) со големиот фаворит на Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска.

Овој бод доаѓа по поразот од Данска, а во последната рунда на групната фаза, нашите ракометари играат со Романија. Шанси за втор круг постојат, но има многу калкулации и математики кои ќе се прават по комплетирањето на колото.

Најефикасен во македонскиот тим беше капитенот Филип Кузмановски кој го одигра еден од најдобрите натпревари за Македонија и дуелот го заврши со дури 15 погодоци. Последниот натпревар од првата фаза Македонија го игра во вторник во истиот термин против Романија, дуел во кој ќе ја имаме фаворитската улога.















