Се снајдовме!
Mатичната земја, Македонија, поради третото неучество, не може да им овозможи на композиторите, пејачите, текстописците, продуцентите, менаџерите и на новинарите да бидат дел од мегамузичкиот спектакл Песна на Евровизија 2025 (кој започнува вечерва, ќе има уште една (втора) вечер в четврток, а Големото финале е в сабота). За тоа, тие самите се погрижија и снајдоа, барем што се однесува на продуценско-композиторските имиња.
Дарко Димитров е мошне добро познат македонски композитор, музички продуцент, кој годинава е рамноправен учесник на Евровизија, заедно со евровизискиот тим на Црна Гора. Порано имаше работено и други евровизиски песни за претставниците на Србија и на Албанија.Сега се работи за црногорската песна „Добре дојдовте“, која ќе ја пее згодната Нина Жижиќ. Музиката ја напиша Борис Суботиќ, аранжманот е на Димитров, додека текстот е заедничко дело на Борис и на Македонката Виолета Михајловска. Останува на Црногорците да им посакаме успех со некој одличен пласман кога веќе не сме во можност да го направиме тоа за наши, македонски претставници. (Д. М.)