Maкедонија пред летни горештини: Од понеделник Африкански топол бран ја зафаќа нашата земја

133

Територијата на Македонија во периодот од 2 јуни, понеделник, до 8 јуни, недела, ќе биде зафатена од првиот поголем топлотен бран од Африка за оваа сезона. Температурите на воздухот ќе бележат голем пораст, а времето ќе биде многу постабилно и релативно суво. Сепак, можни се сосема мали исклучоци, односно, услови за сосема мало и краткотрајно дестабилизирање на атмосферата, кое може да услови локална појава на сосема краткотраен дожд, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

„И во Скопје и околината во овој период температурите ќе бележат голем пораст, а времето ќе биде претежно стабилно, суво и со многу повеќе сончеви периоди.

Температурите на воздухот во текот на следната седмица ќе бидат летни и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека од средината на следната седмица температурите во Повардарието ќе надминуваат 35 степени. И во Скопје и околината температурата во текот на следната седмица ќе надминува 30 степени, додека од средината на работниот дел од неделата температурата ќе се искачи до и над 35 степени,“ додава Поповски.

ИЗДВОЕНИ