Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација не успеа да обезбеди опстанок во А-дивизијата на Европското првенство откако на мечот за 13. место загуби од Бугарија со 90:87. Тоа значи дека на следното Европско првенство за кошаркари до 18 години ќе игра во Б-дивизијата.

Пресудни за поразот од Бугарите беа лошите неколку минути на почетокот од последната четвртина, во која противникот направи двоцифрена недостижна предност.

Младите македонски кошаркари го завршуваат првенството во Србија со пет порази и со само една победа, онаа против Белгија, недоволна за опстанок во елитата. Покрај Македонија, А-дивизијата ја напуштаат и Шведска и Белгија.

ИЗДВОЕНИ