Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација (У18) го претрпе и третиот пораз на Евробаскетот во Белград, откако загуби од домаќинот Србија со убедливи 59:89. Мечот беше решен уште по првото полувреме во кое Србите го добија со 49:23, а продолжението беше само формалност.
Со овој пораз македонската селекција заврши како последна, четврта во својата група, така што во разигрувањето, односно осминафиналната рунда, нашите надежи за противник ќе имаат Шпанија која беше прва во Ц-групата. Овој меч ќе се одигра утре во 13:30 часот.