– Во изминатите две децении, Протоколот за вода и здравје претставува извонреден пример на соработка меѓу секторите за животна средина и здравје, промовирајќи безбеден пристап до вода, санитација и хигиена за сите – истакна заменик-министерката за животна срдина и просторно планирање, Ане Лашкоска, во високиот сегмент на седмото собрание на страните на Протоколот за вода и здравје, на тема „Отпорни системи за вода и санитација за побезбедна и поздрава иднина“.
Таа додаде дека нашата држава останува посветена на целите на Протоколот, кој за земјата претставува повеќе од правен инструмент – рамка за напредок и усогласување на националните политики со европските приоритети за одржлив развој и климатска отпорност. Оваа седница го одбележува 20-годишниот јубилеј од стапувањето во сила на Протоколот – единствен меѓународен инструмент што го поврзува управувањето со водите со заштитата на јавното здравје
– Во изминатите две децении, Протоколот за вода и здравје претставува извонреден пример на соработка меѓу секторите за животна средина и здравје, промовирајќи безбеден пристап до вода, санитација и хигиена за сите – истакна заменик-министерката за животна срдина и просторно палнирање, Ане Лашкоска, во високиот сегмент на седмото собрание на страните на Протоколот за вода и здравје, на тема „Отпорни системи за вода и санитација за побезбедна и поздрава иднина“.
Таа додаде дека нашата држава останува посветена на целите на Протоколот, кој за земјата претставува повеќе од правен инструмент – рамка за напредок и усогласување на националните политики со европските приоритети за одржлив развој и климатска отпорност.
– Овој јубилеј не е само повод за славење на постигнатото туку и повик за обновена посветеност. Да продолжиме да работиме заедно, преку граници, сектори и генерации, за поздрава, побезбедна и поодржлива иднина за сите – порача Лашкоска.
Таа истакна дека нашата држава активно инвестира во модернизација на инфраструктурата за вода и санитација, воведување дигитални системи за мониторинг и подобрување на пристапот до безбедна вода, особено во руралните и во ранливите заедници.
Оваа седница го одбележува 20-годишниот јубилеј од стапувањето во сила на Протоколот – единствениот меѓународен инструмент што го поврзува управувањето со водите со заштитата на јавното здравје. Темата на високиот сегмент, „Отпорни системи за вода и санитација за побезбедна и поздрава иднина“ ја нагласува важноста на координираниот и интегриран пристап во услови на климатски и здравствени предизвици.
Состанокот во Будимпешта на кој, покрај Лашкоска, учествуваше и заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, ги обедини министрите, владините претставници и меѓународните организации од целиот свет. Заклучоците од високиот сегмент ќе бидат вклучени во подготовките за конференцијата на Обединетите нации за води 2026, што ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати, во декември 2026 година.
Високиот сегмент на седмото собрание на страните на Протоколот за вода и здравје е организиран заеднички од Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) и Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Европа (WHO/Europe).












