Македонската кошаркарска репрезентација остана без селектор, откако од федерацијата информираа дека Марјан Илиевски си поднел оставка.

Засега не е познат наследникот на Илиевски на клупата на Македонија, но затоа, во репрезентацијата се враќа легендата на македонската кошарка, Владо Илиевски. Тој ќе биде назначен за координатор на сите национални репрезентативни селекции, а доаѓа на местото на Борјан Георгиевски, синот на легендарниот Буштур.

Исто така се споменува дека новиот селектор ќе биде странец и во моментов се разгледуваат две опции. Името на новиот селектор ќе биде познато до крајот на оваа недела.

Илиевски на клупата на Македонија дојде во најтешките моменти кога никој не сакаше да седне на жешкото столче. Тој ги почна претквалификациите за ЕП 2029 година со две победи над Азербејџан и Ирска.

ИЗДВОЕНИ