Македонија основа Мултифункционален научно-технолошки парк, најави Владата

30

Владата на денешната седница ја усвои информацијата за отпочнување активности за основање Мултифункционален научно-технолошки парк, чија цел е поттикнување постојан раст преку вклучување на знаење, иновации и технологија за создавање производи и услуги со висока додадена вредност, конкурентни на меѓународните и домашните пазари.

Како што информира владината прес-служба, согласно претходно направената анализа е утврдено дека техничкиот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје нуди идеална локација за сите аспекти – интеграција со академската средина, од аспект на трансфер и комерцијализација на знаењето, инфраструктурна пристапност и поврзување (патна инфраструктура автобуски и железнички линии, автопат и аеродром), како и поголема можност за привлекување компании, инвеститори и стартапи создавајќи центар за вмрежување и регионален развој.

Предвидено е паркот да се состои од зграда или комплекс згради со современа електрична и телекомуникациска инфраструктура, како и со ефективен и флексибилен работен простор.

ИЗДВОЕНИ