Македонската кошаркарска репрезентација ја оствари првата победа во последното, четврто, коло од групната фаза во претквалификациите за пласман на Светското првенство во Катар во 2027 година, откако во СЦ „Кале“ нашата селекција славеше над Унгарија со 82:72.
Гостите беа подобри само на стартот од натпреварот, а потоа нашата селекција, која ги одигра целите претквалификации со подмладен состав, ја презема резултатската контрола и доминираше во текот на целиот меч.
Ова е прва победа за Македонија, недоволна за пласман во главната квалификациска фаза, а место понатаму обезбедија Романија и Унгарија.
Најефикасен во нашите редови беше Џејкоб Вајли со 23 поени.