Македонија меѓу првите во Европа и шеста во светот по гринфилд инвестиции

10

Според најновиот извештај на „Фајненшл тајмс“, Македонија е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на Бруто домашен производ, соопшти вчера министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Тој истакна дека овој индекс покажува дека привлекуваме повеќе нов капитал отколку што би се очекувало за нашата економска тежина. Дека остварените резултати во делот на странските инвестиции се над нашата категорија.

-Тоа е порака до инвеститорите и граѓаните. Тука вреди да се инвестира, да се гради, да се остане. Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, изјави Муцунски и додаде дека се испраќа порака дека земјава е сигурен и достоинствен партнер, кредибилна членка на НАТО, која се поврзува со европските коридори.

Тој појасни дека гринфилд инвестициите значат нови фабрики, капацитети и нови работни места, додавајќи дека овој индекс покажува оти државата привлекува повеќе нов капитал отколку што би се очекувало за нејзината економска тежина – дека остварените резултати во делот на странските инвестиции се над нашата категорија. Како пример за ваквата динамика, Муцунски ги посочи енергетските проекти и големиот број нови инвестиции реализирани во ТИРЗ зоните во изминатат година.

-Тоа е јасен сигнал дека енергетската транзиција и индустрискиот раст се во фаза на реализација не само план или парола, рече Муцунски.

Граѓаните не очекуваат аплауз за статистика, нагласи Муцунски, туку чесна држава и јасни правила, подобро платени работни места и пониски трошоци, брзи дигитални услуги, континуитет во подобрувањето…

-Затоа денеска уште повеќе го забрзуваме чекорот. Поедноставуваме постапки, кратиме рокови и ги поврзуваме домашните компании со странските инвеститори, вложуваме во вештини за младите и најважно, создаваме систем во кој никој не е над законот, зошто довербата е најсилната валута за раст, порача Муцунски.

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димоски, на заедничката прес-конференција во Владата со министерот Муцунски, рече дека овој успех претставува признание за нашата стратегија, пристап и политики кои ги спроведуваме во привлекувањето на странските инвестиции.

Тој потенцираше дека крајната цел е структурна промена во начинот на привлекување инвестиции – со фокус на квалитет и додадена вредност, наспроти квантитет и обем на проекти – што е суштинската разлика која ја издвојува земјава од многу други економии во минатото, но и моментално во регионот.

 

ИЗДВОЕНИ