Претседателот на Словенечката ракометна федерација, Бор Розман, ја потврди можноста Словенија, заедно со Србија и Македонија, да аплицира за организација на Европското првенство во ракомет за 2034 година.
Словенија се стреми да биде домаќин на две групи од првиот дел од шампионатот, една група од вториот дел и едно полуфинале, додека финалниот дел би се одржал во Белград поради капацитетот на салата.
Засега не се знае каков удел во организацијата би имала Македонија, но ние сигурно би влегле како и Словенците со некоја од групите во првата и фтората фаза од натпреварувањето.