Во земјава се поддржани 57 проекти на мали и средни претпријатија со инвестиции преку 15,5 милиони долари, кои ќе донесат заштеди на енергија од 17.828 GJ и ќе намалат емисии од речиси 4.000 тони ЦО₂.

– Поддржани се и 58 ранливи домаќинства, со инвестиции од 370.000 долари, кои резултираат со годишни заштеди од 621 MWh и намалување на емисии од 192 тони ЦО₂. Дополнително, проектите директно придонесуваат за намалување на аерозагадувањето (ПМ2.5 и ПМ10), што значи поздрава животна средина за граѓаните, рече министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во обраќањето на Тркалезна маса на тема „Искористување на приватниот бизнис и финансии“ во рамки на 4. Меѓународна конференцијата за финансирање и развој (FfD) која под покровителство на ООН се одржува во Севиља

 

Зелената транзиција во Македонија е успешна приказна која ја спроведува преку комбинирано финансирање и стратешки партнерства. Ова го истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во обраќањето на Тркалезна маса на тема „Искористување на приватниот бизнис и финансии“ во рамки на 4. Меѓународна конференцијата за финансирање и развој (FfD) која под покровителство на Организацијата на Обединетите нации се одржува во Севиља.

Министерката ја презентираше националната иновација – Механизмот за зелено финансирање (Green Finance Facility – GFF), кој Македонија го воспостави како инструмент за поддршка на мали и средни претпријатија и ранливи домаќинства во инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност.

– GFF не е само финансиски инструмент. Тоа е катализатор на трансформација кој овозможува реални, инклузивни и мерливи промени во заедниците – истакна министерката Димитриеска-Кочоска.

На конференцијата беше подвлечено дека моделот на комбинирано финансирање – преку мобилизација на јавен и приватен капитал, техничка помош и стимулации врз основа на перформанси – ја намалува финансиската неизвесност и овозможува поширок пристап до инвестиции што се климатски паметни и социјално одговорни.

– Поддржани се 57 проекти на мали и средни претпријатија со инвестиции преку 15,5 милиони долари, кои ќе донесат заштеди на енергија од 17.828 GJ и ќе намалат емисии од речиси 4.000 тони ЦО₂. Поддржани се и 58 ранливи домаќинства, со инвестиции од 370.000 долари, кои резултираат со годишни заштеди од 621 MWh и намалување на емисии од 192 тони ЦО₂. Дополнително, проектите директно придонесуваат за намалување на аерозагадувањето (ПМ2.5 и ПМ10), што значи поздрава животна средина за граѓаните – рече министерката на Тркалезната маса.

Таа истакна дека Македонија е посветена на проширување на овој модел и ги повика меѓународните партнери да се приклучат во зголемувањето на неговиот опфат и влијание.

– Заедно можеме да мобилизираме капитал, иновации и солидарност неопходни за забрзување на зелената транзиција – изјави министерката.

ИЗДВОЕНИ