понеделник, јануари 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Македонија има одлични бармени

Македонија има одлични бармени

72

Младиот Никола Анастасијески од Скопје го освои првото место на Шеснаесеттото државно првенство на бармени организирано од Асоцијацијата на бармени на Македонија, која веќе две децении активно работи на унапредување на коктел-културата и на промоција на професијата бармен.

Искусниот Васил Пеевски го освои второто место, додека Вања Головски беше трет.

Анастасијески ќе ја претставува нашата држава на светскиот натпревар на бармени, кој оваа година ќе се одржи во  Картагина, Колумбија, во ноември.

– Првенството на бармени уште еднаш покажа дека Македонија има одлични бармени и дека оваа професија има светла иднина – пишува во известувањето од Асоцијацијата на бармени.

Според информациите од организаторите, на натпреварот учествувале вкупно 21 бармен од целата земја.

Фото: Ѕвонко Плавевски

 

ИЗДВОЕНИ