Македонската машка одбојкарска репрезентација и домаќинот Бугарија, на 9 септември во 19:00 часот, во рамките од групата А, во Софија, ќе го отворат Европското првенство 2026.

Според распоредот, Македонија на 10 септември ќе биде слободна, а потоа, на 11 септември во 16:00 часот, во второто коло од групата ќе се соочи со Украина. Дуелот од третото коло против Полска го игра на 13 септември во 19:00 часот, а потоа, на 15 септември, ќе ги одмери силите со Португалија (16:00 часот). Еден ден подоцна, во тој термин, ќе играме со Израел, меч со кој ќе ја заокружиме групната фаза.

Најдобрите четири екипи од четирите групи на Евроволеј ќе обезбедат пласман во осминафиналето.

Инаку, за одбојкарите, ова е четврто учество на еден континентален собир во низа, што покажува значителен напредок на овој спорт во нашата земја.

Евроволеј 2026 ќе се игра од 9 до 26 септември следната година, а организатори се Италија, Бугарија, Финска и Романија.

 

ЕВРОВОЛЕЈ 2026

РАСПОРЕД ГРУПНА ФАЗА

ГРУПА А – Софија:

9.9.2026

БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА        19:00 ч.

10.9.2026

ПОЛСКА – ПОРТУГАЛИЈА           16:00 ч.

ИЗРАЕЛ – УКРАИНА        19:00 ч.

11.9.2026

УКРАИНА – МАКЕДОНИЈА         16:00 ч.

ПОРТУГАЛИЈА – БУГАРИЈА         19:00 ч.

12.9.2026

ПОЛСКА – ИЗРАЕЛ         16:00 ч.

БУГАРИЈА – УКРАИНА     19:00 ч.

13.9.2026

ПОРТУГАЛИЈА – ИЗРАЕЛ            16:00 ч.

МАКЕДОНИЈА – ПОЛСКА          19:00 ч.

14.9.2026

УКРАИНА – ПОРТУГАЛИЈА          16:00 ч.

БУГАРИЈА – ИЗРАЕЛ      19:00 ч.

15.9.2026

МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 16:00 ч.

ПОЛСКА – УКРАИНА       19:00 ч.

16.9.2026

ИЗРАЕЛ – МАКЕДОНИЈА           16:00 ч.

ПОЛСКА – ПОРТУГАЛИЈА           19:00 ч.

ИЗДВОЕНИ