Според официјалните податоци, Србија чува 41 тон злато што е најмногу од земјите од поранешна Југославија, по неа следува Македонија до 7 тони, Словенија со околу три тони, Хрватска со 1,75 тони и Босна и Херцеговина со 1,5 тони, објави хрватскиот РТЛ.
Земјите порано ја заштитуваа својата економија со злато, акумулирајќи резерви на злато низ годините.
Во светски рамки, САД имаат најмногу резерви злато, повеќе од осум илјади тони злато. Втора е Германија, со 3.500 тони, Италија со 2.500 тони, приближно исто како и Франција, петта е Русија со околу 2.330 тони.












