Ракометната репрезентација на Македонија ја оствари првата цел за пласман во главната фаза на Европското првенство. „Црвено – жолтите“ ја совлада Романија во натпреварот од третото коло на групата Б, но победата сама по себе веројатно нема да биде доволна за пласман во главната групна фаза.

Голот за побда го постигна Ненад Костески за победа од 24:23 над Романија. Сепак, за пласман меѓу дванаесетте најдобри на шампионатот – потребна ни е победа на Данска против Португалија со 18 гола разлика.
Сепак, со освојувањето на третото во групата Б и освоените три бода, македонската репрезентација ќе се квалификува од 12-16 место и ќе игра еден бараж за Светското првенство во Германија следната година.














