Македонскиот државјанин С.И. (44), е уапсен во близина на Лесковац, а како што потврди министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ кај него се пронајдени осум килограми кокаин.
Дачиќ изјави дека припадници на Министерството за внатрешни работи во Лесковац заплениле околу осум килограми кокаин и го уапсиле С. И. (44), државјанин на Северна Македонија, под сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и трговија со наркотични дроги.
На автопатот во близина на Брестовац, во автомобил „Форд“ управуван од осомничениот, полицијата пронашла девет пакети со кокаин, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Осомничениот, по овластување на вишиот јавен обвинител во Лесковац, е приведен до 48 часа и ќе биде приведен во надлежното обвинителство со кривична пријава“, нагласи министерот Дачиќ и им се заблагодари на сите полицајци кои учествувале во оваа операција.