Избегната трагедија во Олимпик Бич: Македонец спасен од давење благодарение на херојскиот чин на Србин и докторка која случајно се нашла на плажата

429
Foto: Pexels

Повозрасен маж од Скопје, кој бил на одмор со сопругата во познатото грчко летувалиште Олимпик Бич, денес за малку ќе се удавел во морето. За среќа на плажата се нашол младич од Србија, кој кога видел што се случува брзо реагирал. Имено, Србинот скокнал во водата и го извлекол несреќниот човек на брегот.

Информацијата беше објавена на Фејсбук страницата „Grčka info“.

„Парот влезе во водата држејќи се за раце. Жената знаеше да плива, но не и мажот. Тие се оддалечија околу 50 метри од брегот, каде што водата им беше до половината, кога се слушна вресок и повик за помош. Девојка која беше во нивна близина почна да повикува помош. Во тој момент, еден млад човек од Србија, кој беше на плажата, скокна од својата лежалка и без размислување се стрча кон водата за да помогне. Успеа да го извлече човекот од водата и го доведе до брегот“, пишува во објавата.

За среќа, меѓу пливачите имаше и девојка, докторка по професија, која веднаш започна со реанимација.

– По некое време, човекот почна да покажува знаци на живот – ги придвижил рацете и нозете. Набрзо пристигнала брзата помош и го превезе во болница, а благодарение на брзата реакција на присутните и навремената помош, човекот беше спасен.

ИЗДВОЕНИ