Шеесет и тригодишен маж од Македонија вчера предизвикал голема паника на плажа во Грција кога пријавил дека неговата сопруга (63) е исчезната. Брачниот пар од Македонија дошле во Неа Каликратија на одмор, а мажот рекол дека неговата сопруга влегла во вода и дека е исчезната!
Крајбрежната стража и три приватни бродови веднаш почнале да бараат. Сепак, набрзо ја пронашле жената, жива и здрава, на брегот.
Како што напишале сведоците во популарната Фејсбук група Grčka info, жената рекла дека дури и не влегла во морето!
Не е познато дали станува збор за недоразбирање меѓу сопружниците и дали мажот ќе се соочи со законски последици по пријавата.