Седумдесетгодишен маж почина денеска околу 10 часот во близина на Михајловац, во автобус кој сообраќал од Германија кон неговиот роден град.
Како што пренесуваат српските медиуми, починатиот е македонски државјанин од Струга, а првата помош ја укажале неговите сопатници кои застанале на паркинг кај ресторан, на делницата помеѓу Белград и Ниш.
По 30 минути на местото на настанот пристигнала брза помош и полиција, кои се обиделе да го реанимираат несреќниот маж, но тој не можел да се спаси.
Причината за смртта сè уште не е позната, а телото е испратено на обдукција.