Македонец од Париз со тажна песна за најдобриот пријател

95

Посилен од кога и да е, не се предава!

 Фолк-пејачот Даниел Тренчовски е од Македонија и последниов месец ги руши рекордите со слушаноста на песната „Посилен од кога и да е, не се предавам“, која ја сними на српски јазик (Јачи него икад, не предајем се). Песната успеа да се вивне во височините на огромен број топ-листи благодарение на самото пеење на Даниел. За само неколку дена, има речиси еден милион кликови на неговиот јутјуб-канал.  Текстот на новата песна има мошне тажна содржина. Раскажува за тешката сообраќајна несреќа на еден негов пријател. Затоа така гласи насловот на оваа слушана песна. Овој пејач  секогаш е со интересен имиџ за публиката. Привлечен и поради физичкиот изглед, на кој, како што вели, му обрнува солидно внимание. Најмногу поради обожавателките, кои се во најголем број. Даниел е чест посетител на вежбалниците.

Инаку, Даниел живее во Париз, таму работи и воедно ја гради својата интернационална музичка кариера.

Оние што ја следат естрадата знаат дека беше поранешен успешен учесник во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, а сега, со својот најнов хит и со најновиот спот, повторно го воодушевува цел Балкан. Даниел е познат и по тоа што снима интересни спотови. Претходниот, исто така, изобилуваше со мошне интересни сцени. Главен јунак во тој спот беше некоја мечка што не го сакаше снимањето, па имаа проблеми со неа.        (Д. М.)

 

 

ИЗДВОЕНИ