Серијата лоши резултати на тимот на Анадолу Ефес ја прелеа чашата, поради што дојде до отказ на тренерот Игор Кокошков. Последниот пораз дојде од тимот на Тофаш, кој е предводен од македонскиот кошаркарски стручњак Емил Рајковиќ, во рамките на турското првенство.
Претходно, кошаркарите на Ефес загубија убедливо од Монако во 13. коло од Евролигата, со убедливи 102:66, што воедно ја стресе клупата на поранешниот шампион на ова натпреварување. На крајот, поразот од Тофаш со 86:79 само ја продлабочи кризата во клубот.
- Му се заблагодаруваме на тренерот Игор Кокошков за придонесот во нашиот клуб и му посакуваме успех во понатамошната кариера. Нашиот тим ќе продолжи да работи под водство на Радован Трифуновиќ до назначувањето нов главен тренер – објави тимот од Истанбул на мрежата „Икс“.
Ефес моментално го зазема 15. место во Евролигата со скор од пет победи и осум порази.











