Тројца Македонци се осомничени за кривично дело оштетување на туѓ имот извршено минатата недела во областа Цавтат, пренесуваат хрватските интернет портали. По претходно добиени пријави, полициски службеници од граничната полициска станица Груда утврдиле дека разни налепници со различни големини со кирилица биле залепени на сообраќајни знаци, патокази, корпи за отпадоци и информативна табла во областа Цавтат до таа мера што ја изгубиле својата намена.
Истиот ден откако полицијата ја примила оваа пријава, пронајдени се двајца државјани на Македонија, додека третиот осомничен е пронајден следниот ден, во сабота, 30 мај, на аеродромот. Станува збор за млади мажи на возраст од 23, 25 и 26 години кои имаат дозвола за престој во Република Хрватска, истите биле донесени во полициска станица за кривична истрага, по што биле предадени на притворската единица на Управата за полиција Дубровник-Неретва, со кривична пријава.












