Mакедон се подготвува за супер финалетo во Бугарија со најдобрите математичари во светот

40

Македон повторно ја израдува нацијата. Чудото од дете и вистински математички гениј освои нов златен медал на престижниот меѓународен натпревар „Математика без граници“, уште еднаш потврдувајќи го својот талент и посветеност.

По овој голем успех, Македон се подготвува за супер финалето во Несебар, Бугарија, каде што гордо ќе ги брани боите на Македонија меѓу најдобрите млади математичари од целиот свет.

Неговата истрајност, знаење и љубов кон математиката се инспирација за сите, а ова признание е само уште еден доказ дека иднината е светла кога младите добиваат вистинска поддршка и мотивирачка средина.

 

ИЗДВОЕНИ