Со високите летни температури расте бројот на пожари кои во изминативе 5 години предизвикаа штета од над 60 милиони евра, а надлежните институции кубурат со кадар и ресурси за справување со нив.
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека авионот „ер трактор“ за гаснење пожари, е вратен на меѓународниот аеродром „Скопје“, по завршувањето на годишната инспекција – сервисирање.
– Во овој момент состојбата со „Ер тракторите“ е исклучително комплицирана. Едниот „Ер трактор“ го вративме од сервис. И другите два авиона се на сервис, но се заглавени поради финансиски потешкотии бидејќи Дирекцијата не може сама да ги сноси трошоците коишто ги надминуваат планираниот буџет. Верувам дека со помош на Владата ова ќе биде надминато – вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов кој рече дека се чуствува како „мајстор којшто поправа расипани работи“ и најави можно спојување на ДЗС и ЦУК во една институција
Конечно пристигнаа очекуваните летни температури, но според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, не очекува значително потопло и посушно лето. Со високите летни температури расте бројот на пожари кои во изминативе 5 години предизвикаа штета од над 60 милиони евра, а надлежните институции кубурат со кадар и ресурси за справување со нив.
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека авионот „ер трактор“ за гаснење пожари, е вратен на меѓународниот аеродром „Скопје“, по завршувањето на годишната инспекција – сервисирање.
– Во овој момент состојбата со „Ер тракторите“ е исклучително комплицирана. Едниот „Ер трактор“ го вративме од сервис. И другите два авиона се на сервис, но се заглавени поради финансиски потешкотии бидејќи Дирекцијата не може сама да ги сноси трошоците коишто ги надминуваат планираниот буџет. Верувам дека со помош на Владата ова ќе биде надминато – вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Проблемот со пилотите кои треба да ги управуваат авионите и натаму е отворен. Ангелов вели дека се разговара со двајца потенцијални пилоти. Веќе имал средба со еден пензиониран пилот и верува дека ќе биде постигнат компромис за да помогнат и ова лето.
Со цел поефикасно справување со кризните ситуации, Ангелов најави дека по изборите би можело да дојде до обединување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи во една институција.
– Се чуствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“. Минатиот пат кога претходниот премиер ме прати во ЦУК ме прати да ја доведам институцијата во ред бидејќи беше пропадната и нефункционална во пресрет на ковид кризата. Сега премиерот ме праќа по наш претходен договор да ја кренам ДЗС која се наоѓа би рекол во хаотична состојба – рече Ангелов.
(С.Бл.)