Мајката на загинатиот Томас: Судијката ни дава искра надеж

907

Во судницата во Идризово продолжува судењето против обвинетите за пожарот во дискотеката “Пулс”.

Првообвинетите, сопственикот Дејан Јованов е донесен од затворот во Куманово каде се наоѓа во притвор.

Родителите и повредените чекаат да влезат во делот од судницта од каде преку стаклени врати го следат судењето.

Јулија Златкова мајка на загинатото момче Томас се надева дека судијката ќе продолжи исто како и на првото судење – прведно и фер.

“Повеќе од осум месеци живееме во агонија сега имаме искра надеж oд неа и воведниот збор на обвинителот. Никој не растел дете за да стане херој туку човек, нашите деца ја платија цената на коруптивниот систем ја плаќаме цената со изгубените животи на децата. Насилно им ја прекинаа младоста и иднината бараме правда, обвинети со имиња и презимиња. Кој му помогна на монструмот во убиството, многу се неможам сите да ги набројам, порача мајката на починатото момче.

На денешното судење треба обвинетите да кажат дали се чувствуваат виновни. (П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ