
Реал (М) со години е симбол на гламур, големи имиња и уште поголеми бројки, но една информација што циркулира во фудбалските кругови предизвика големо изненадување.
Имено, Фајза Ламари, мајката на Килијан Мбапе, а воедно и негов агент, добива дури 4,5 милиони евра нето од Реал (М) годишно, директно од платата на нејзиниот син.
Ова е договор што јасно покажува колку сериозен проект е Мбапе за клубот од „Сантијаго Бернабеу“, но и колку силна преговарачка позиција имало неговото семејство.
Она што ја прави оваа приказна уште повпечатлива е споредбата со играчите од сегашниот состав на Реал (М). Фајза Ламари, барем финансиски, е пред голем број фудбалери кои го носат белиот дрес секој ден.
Според достапните информации, мајката на Мбапе заработува повеќе од Андриј Лунин, Франко Мастантуоно, Раул Асенсио, Фран Гарсија, Гонзало, Брахим Дијаз и Арда Гулер.
Со други зборови, лице кое не излегува на теренот, не тренира ниту игра натпревари, заработува повеќе годишно од седум професионалци во еден од најголемите клубови во светот.
Сепак, Фајза Ламари, не е „само мајка“, туку и клучна фигура во кариерата на Килијан Мбапе, жена која со години преговарала, ги заштитувала интересите на својот син и ги обликувала неговите потези.
Реал (М) го прифати ова како дел од пакетот. Кога ќе го доведете еден од најдобрите фудбалери на денешницата, не само што го потпишувате играчот, туку го потпишувате целиот систем околу него.
Затоа во Мадрид не ја гледа оваа бројка како проблем, туку како инвестиција. Мбапе е маркетиншки, спортски и глобален проект кој носи повеќекратни приноси.
И додека головите и трофеите се бројат на теренот, милиони се бројат надвор од него, не само на сметките на играчите, туку и на оние што стојат зад нив.
Фудбалот одамна престана да биде само игра, а приказната за Фајза Ламара го потврдува ова подобро од која било статистика.











