четврток, февруари 5, 2026
Дома СКОПСКА  Мајка Тереза со марама преку носот нацртана на Школка во Градски парк

 Мајка Тереза со марама преку носот нацртана на Школка во Градски парк

473

Мајка Тереза со марама на носот е новата уметничка и интервенција што се појави на Школка во Градскиот парк.

Станува збор за графит на кој е прикажана Мајка Тереза со марама преку носот, кој доаѓа во време кога воздухот во Скопје е загаден, а скопјани се гушат од чад од депониите „Вардариште“ и „Дрисла“ и се соочуваат со подметнати пожари.   

Ова е еден вид реакцијата на тоа дека работите веќе се излезени од контрола, а тоа што изборот паднал на Мајка Тереза како синоним за хуманост, помош, не е случаен.

За тоа дека состојбата е повеќе од алармантна, во овој случај реагираат дури и ѕидовите, кои исто така не се имуни на загадувањето.

Фото:  (Ѕ.П.)

 

ИЗДВОЕНИ