Мајка на малолетно дете во Аргентина обвинета за измама: По грешка ѝм биле префрлени 377.000 евра – наместо да ги врати, побрзала да ги потроши

160
Фото:википедија

Необична приказна доаѓа од Аргентина, каде што мајката на малолетно дете, Вероника Акоста, е обвинета за измама, пренесува petroleogus.

Според медиумските извештаи, жената имала околу 510 милиони пезоси (околу 377.000 евра) депонирани на нејзината сметка, но наместо да ги врати парите, таа тргнала на големо пазарење.

Вероника очекувала исплата од 8.000 евра од својот поранешен сопруг, на име на издршка за дете, и набрзо добила порака од банката.

Сепак, бројката драматично се зголемила, објавува „Прототема“.

Во часовите што следеле, жената направила 66 трансфери (плаќања и трансфери на пари на сметки на роднини).

Таа успеала да купи автомобил, фрижидер, два телевизора, микробранова печка, фритеза, WC школка и плочки за семејниот дом, пред финансискиот службеник да ја открие грешката.

Грешката ја открил финансискиот супервизор на регионот, по што локалното обвинителство поднело кривични пријави против шест лица, вклучувајќи ја и Вероника, под обвинение за измама.

Судијата нареди сите обвинети, за да избегнат притвор, да платат кауција од 30 милиони песоси (околу 23.000 евра). Од вкупно 577 милиони, 90% од средствата веќе се вратени, додека остатокот е блокиран во дигитални сметки и електронски паричници.

Вероника се обиде да ги оправда постапките тврдејќи дека имала големи финансиски потреби:

„Ги видов парите и почнав да купувам што ми требаше“, рече таа, како што изјави нејзиниот адвокат.

„Ова не е криминална мрежа. Државата направи грешка, а сега се обидуваат сè да ги обвинат овие луѓе. Кауцијата е сурова и неправедна“, рече нејзиниот адвокат.

ИЗДВОЕНИ