понеделник, март 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Мајка и нејзиното дете загинаа по пад од шести кат во комплексот...

Мајка и нејзиното дете загинаа по пад од шести кат во комплексот „Алумина“ во Карпош

2405

Неколку полициски возила и екипа на обвинителството се уште вршат увид во зградата во скопски Карпош, во комплексот „Алумина“, каде жена и дете го загубија животот по пад од балкон.

Според првичните информации, околу 14 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, жената и детето паднале од балкон на шести кат од зградата. На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која констатирала смрт кај двете лица.

Засега идентитетот на починатите не е соопштен, а од надлежните институции најавуваат повеќе информации по завршувањето на истрагата.

ИЗДВОЕНИ