Американскиот кошаркар Мајк Џејмс, кој моментално има договор со тимот на Монако до 2027 година, е суспендиран од тимот, казнет со парична казна и размислува за раскинување на договорот, а можни се и правни мерки. Одлуката за суспензија беше донесена пред почетокот на полуфиналето од плејофот на француското првенство против АСВЕЛ, по што Џејмс беше отстранет од сите тимски активности и не учествуваше во последните натпревари од сезоната.
Според информациите од француските медиуми, конфликтот ескалирал поради несогласувањето на играчот со причините за суспензијата.