Македонската актерка Маја Љутков ја доби наградата за најдобра актерка во краток игран филм „Не заборавај да се насмееш“ (Don’t forget to smile) во режија на Давид Дулев, на онлајн фестивалот New York Film & Actress Awards.

Во овој филм кој зборува за наставничка која ги учи децата како да се смеат во дистопичен свет, таа ја доби наградата за улогата на наставничка.

Во филмот покрај Маја Љутков играат и Александар Микиќ, Софија Јанчовска, Рхаим Ибраими, Сирма Љутков.

Продуцент на филмот е Блаже Дулев, а автор на сценариото – Онур Озџан. Директор на фотографија е Кристијан Војдановски. Инаку, филмот е продуциран во 2025 година.

Инаку, фестивалот е дел од филмската мрежа на Imdb, а Best Film Awards организира онлајн гласање на филмаџии од цел свет.

 

ИЗДВОЕНИ