вторник, февруари 24, 2026
Дома СПОРТ ОСТАНАТИ СПОРТОВИ Махмудов за борбата до Фјури се подготвува спарингувајќи со мечка (ВИДЕО)

Махмудов за борбата до Фјури се подготвува спарингувајќи со мечка (ВИДЕО)

60
Foto: screenshot

Рускиот боксер Арсланбек Махмудов (36) беше снимен како се подготвува за меч со Тајсон Фјури, а погледите на јавноста беа особено привлечени од начинот на кој тренира – неговиот ривал беше мечка. Фјури, кој ќе се врати од пензија, ќе се сретне со рускиот боксер на 11 април на стадионот на Тотенхем, и се чини дека нема да има лесна задача пред себе.

Махмудов, кој е познат во светот на боречките вештини како ривал кој има сооднос од 21:2 кога се на пат нокаутите, што е успех над 90 проценти, реши да се подготви за следниот меч на екстремен начин. Па така, за свој ривал имаше мечка висока три метри и тешка 400 килограми. На видеото што кружи на социјалните мрежи, јасно може да се види дека животното не е пријателски расположено, но тоа не го спречи Русинот да „спарингува“.

Мухмудов се обиде да и парира на мечката, а на крајот од борбата успеа да ја обвитка во рацете. Мора да се признае дека пред тоа мечката се обиде да го победи боксерот со залак, иако брзината не и беше силна страна, што Мухмудов го искористи. Исто така, ова не е прв пат Русинот кој живее во Канада да се подготвува пред меч со мечка.

Во август, пред да го победи Дејвид Ален, тој откри дека се подготвувал за титулата борејќи се со крзнено животно. „Сè започна кога еден пријател ме праша дали сакам да се борам со мечка, реков „секако“, откри тој пред неколку месеци.

„Беше многу страшно, тоа е животно и е диво, но го прифатив како тест. Секогаш сакам предизвици. Мислам дека повеќето реакции беа позитивни. Секако, некои луѓе не разбираа зошто го направив тоа. Но, како што реков, тоа беше како тест за мене. Не само физички, туку и ментално“, рече тој тогаш.

ИЗДВОЕНИ