УФЦ-шампионот во средна категорија, Ислам Махачев, истакна дека не планира наскоро да замине во пензија, со оглед на тоа што е во врвна форма и долго време е на највисокото место на подиумот во УФЦ. Тој одговори на прашањето за главната причина што би го натерала да ја заврши кариерата и да го напушти УФЦ. Тој нагласи дека прекинувањето на кариерата нема да зависи од неговите години.
- Причината за моето заминување нема да зависи од моите години. Штом почувствувам дека почнувам да слабеам, дека не можам да издржам на тренинзите и со спаринг-партнерите, тогаш ќе размислам за тоа. Општо земено, ако се откажам сега, што треба да направам? Штом земам три-четири месеци пауза, жедта се враќа. Само сакам да одам во сала, да ги ставам ракавиците и да се борам со некого. Цел живот го правам ова. Сè уште не размислувам да се откажам – порача Махачев.
Инаку, на 16 ноември 2025 година, Махачев ќе се бори против шампионот во полусредна категорија на УФЦ, Џек Дела Мадалена.