Кошаркарот на МЗТ Скопје, Андреј Магдевски, е успешно опериран по тешката повреда на коленото, добиена на неодамнешниот натпревар против Тиквеш. Тој се повреди за време на мечот, а по низа лекарски консултации, беше решено дека е неопходен оперативен зафат.
По оваа операција, следува пауза за репрезентативецот и рехабилитација од неколку месеци за да потоа Магдевски се врати во дресот на МЗТ Скопје како и во репрезентацијата на Македонија.











