Најдобриот ракометен клуб во светот во моментов, германски Магдебург, официјално го објави доаѓањето на хрватскиот голман Доминик Кузмановиќ. Голманот на Гумерсбах ќе го носи дресот на клубот од „ГЕТЕК Арената“ од лето, а договорот е на пет години. Тој во Масгдебург ќе дели минутажа на голот со неговиот соиграч од репрезентацијата на Хрватска, Матеј Мандиќ.
Хрватските голмани ќе стават голем товар на својот грб да ја замени двојката Ернандез и Портнер, кои му донесоа неколку трофеи на клубот на тренерот Бенет Вигерт во последните четири сезони.
„Со доаѓањето со Кузмановиќ, добиваме млад, талентиран голман кој го имаме на листата долго време. Сигурен сум дека во тандем со Матеј Мандиќ, тој ќе ни помогне да ги постигнеме нашите цели со Магдебург. И двајцата технички се надополнуваат добро и добро соработуваат. Покрај тоа, Кузмановиќ веднаш ме убеди како личност. Се радувам на соработката со него во наредните години.“, кажа генералниот директор на германскиот клуб Бенет Вигерт.
„Голема чест е за мене да станам дел од семејството на Магдебург. Преселбата туак е важна пресвртница за мене, на која пристапувам со голема мотивација, големи амбиции и јасна цел да продолжам да се развивам и да дадам сè од себе. Свесен сум за традицијата, амбициите и страста што го красат овој клуб. Затоа со големо возбудување ја очекувам новата сезона и предизвиците што претстојат. Убеден сум дека заедно ќе доживееме многу посебни моменти и ќе испишеме прекрасни приказни, кажа хрватскиот голман на претставувањето.












